Новата водителка од „Ѕвездите на Гранд“ НЕМА ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ – шок издание на познатата пејачка
Откриено и колкава ќе биде нејзината плата
Интересни промени во „Ѕвездите на Гранд“
Тоа дека Сања Кужет е во блажена состојба израдува многумина, но не и тоа дека таа повеќе нема да биде дел од популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ што се емитува на Сител.
Како што пренесуваат медиумите, таа заминува на боледување, а најнова вест е дека на нејзино место доаѓа една поранешна фолк-пејачка и водителка која на сите им е добро позната.
Станува збор за Ана Севиќ, поранешната сопруга на пејачот Дарко Лазиќ, која прифатила да дојде на местото на Сања.
Принтскрин/ Гранд.онлајн
Како што објави српскиот Курир, Ана ќе ја води емисијата и тоа за цифра од 5000 евра, а одлуката за тоа била на Саша Поповиќ.
Самата пејачка беше прашана за оваа цифра која што ја објави Курир, но таа не сакаше ниту да ги потврди, ниту пак да ги демантира овие гласини. Таа само изјави дека ова преставува голема чест за неа и привилегија повторно да застане на сцената на која и самата поминала преубави години и како натпреварувачка, па како што вели за Гранд, ова било понуда која што не се одбива, посебно што станува збор за најпопуларното и најгледаното шоу на Балканот.
Имено, Ана како пејачка својата карира ја започна токму во ова шоу, во 2010 година, кога стана позната за пошироката јавност.
Инстаграм/ Ана Севиќ
По разводот од Дарко Лазиќ таа повторно се омажи, па покрај ќерката Лорена што ја доби од бракот со него, сега има уште две деца.
Инстаграм/ Ана Севиќ
А како изгледаше новата водителка додека се натпреваруваше во ова шоу, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Ана Севиќ
Инстаграм/ Ана Севиќ