Како изгледа диетата „Whole 30“?
Од вашето мени треба да исфрлите житарици, млечни производи, мешунки, алкохол и намирници со дополнителен шеќер и адитиви и ќе постигнете неверојатни резултати за само 30 дена и ќе го прочистите својот организам.Целта е да ги намалите воспалителните процеси на телото и да ослабнете, а како резултат на тоа ќе бидете поенергични, а вашата кожа ќе блеска.
Затоа потребно е да јадете месо, риба, јајца, зеленчук (може и некое одредено овошје и здрави масти).Овој популарен режим на исхрана е делотворен доколку го применувате со помош на нутриционист, а тоа е особено важно кај луѓето кои се алергични на одредени намирници. Во такви случаи треба да се одлучите за поумерен облик на оваа диета.
Иако треба да се ифрли шеќерот, многу е важно да не дојде до цела низа нутритивен недостаток во телото. Затоа на пример, потребно е да внесувате овошје и поголема количина вода, зеленчук и протеини, а сето тоа е со намера да ги замените намирниците богати со обработени јахлехидрати и шеќери.