Нова фризура, цветен фустан и неверојатен шарм – водителката Татјана никогаш поубава (фото)
Татјана не престанува да не воодушевува со својот природен шарм, но и со својот префинет моден избор
Нашата Софија Лорен блесна во сиот свој сјај
Водителката Татјана Стојановска се појави на еден јавен настан во издание кое подразбираше нова фризура.
Имено, таа веќе со години е водителка на еден од најзначајните културни настани во Македонија, Охридско лето.
Така беше и оваа година, а убавата водителка на социјалните мрежи непосредно пред отворањето на фестивалот објави интересен колаж со фотографии со кој ги воодушеви своите бројни обожаватели.
Инстаграм/ Татјана Стојановска Китановска
Облечена во преубав цветен фустан, за кој не се сомневаме дека ќе воодушеви многу припаднички на понежниот пол, Татјана блескаше со сиот свој сјај и одлично расположена за сцена.
Инстаграм/ Татјана Стојановска Китановска
На една од фотографиите пишува „Нашата Софија Лорен“, а како изгледаше Татјана во ова издание, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Татјана Стојановска Китановска
Потсетуваме, Татјана веќе со години е водителка на овој познат фестивал, а како изгледаше и во минатото, погледнете во продолжение…