Реклама
Наши ѕвезди

Нова македонска Гранд ѕвезда која никого не остава рамнодушен – целиот Балкан ужива да ја слуша

Оваа млада дама повторно растури на сцената

Реклама

Пејачката од Македонија, Мелиса Зијадиќ, и во овој круг ги освои сите со својот талент во „Ѕвездите на Гранд“.

Таа настапи во дуел со Адела Смајловиќ од Босна, но беше подобра и со освоени шест поени се пласираше во четвртфиналето.

„Тука пресуди мили кој на кандидатката број еден и даде еден глас и со тоа автоматски ја испрати во четврт-финале, со што и честитаме на Мелиса, секоја чест“, коментираше прв Саша Поповиќ.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потоа се огласи Александар Милиќ Мили кој и покрај тоа што на пејачката од Македонија и даде мала предност, истовремено и ја критикуваше дека е премногу крута на сцената.

Маркетинг

Тоа го забележа и Ана Бекута која и порача дека навистина нема потреба од трема бидејќи прекрасно пее, но воедно потсети и дека Мелиса се уште е млада и дека има само 18 години.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Само опушти се и со насмевка излези тука, и ќе ги собереш симпатиите. Тоа е она што ти фали, насмевка и опуштеност, изјави Бекута.

„Бидејќи сé друго имаш и нема потреба ништо тука да те кочи, додаде таа“, по што се огласи Саша Поповиќ кој напомена дека сега веќе не зборуваме за години, бидејќи наскоро следува финалето и изборот на најдобрите.

Одиме кон финалето и гледаме дали е некој за четвртфинале или не е“, вели тој, по што Ана Бекута додаде дека Мелисаима потенцијал и за финале, но и дека мора да биде опуштена.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На крајот се огласија и менторките, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Снежана Ѓуришиќ. Цеца беше презадоволна од Мелиса и излезе на сцената и ја гушна, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Мелиса и во претходниот круг растури на сцената, само што тогаш настапи во дуел со уште една пејачка од Македонија.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, таа тогаш се соочи со Андријана Петрушовска, а сите коментираа дека тоа и беше најдобар настап на Мелиса во шоуто.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Младата пејачка од Лажани, село близу до Прилеп од кое потекнуваат две големи музички легенди Јашар и Ипче Ахмедовски, тогаш беше за нијанса подобра од Андријана и директно се пласираше, додека Петрушовска замина од бараж и од таму се избори за следниот круг.

Како изгледаше последниот настап на оваа млада, но мошне талентирана и убава дама, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button