Познатиот германски дизајнер Карл Лагерфелд ја најави новата соработка со козметичкиот бренд ModelCo
Познатиот козметички бренд „ModelCo“ објави сет шминки под името „Kiss Me Karl. Тоа е првата бјути колекција со потписот на славниот дизајнер Лагерфелд, а ќе содржи 50 парчиња производи за лице, очи и усни.
На интернет страната на брендот „ModelCo“ можете да се регистрирате ако сакате меѓу првите да ги пробате новите производи за усни, но и сетовите со шминки кои ќе ја имаат препознатливата силуета на познатиот дизајнер. На самите држачи на овој бјути алат ќе има вградено и Лед сијалица како би можеле да се шминкате дури и во темница.
Колекцијата ќе биде достапна од 14 мај, а судејќи според реакциите на социјалните мрежи, обожавателите од цел свет се нестрпливи да се појави.
https://www.instagram.com/p/BiRDLt1B5tf/?utm_source=ig_embed