Нова книга за љубовната врска на Хари и Меган открива многу детали од кралското семејство – двојката тврди не дала ниту една изјава
Принцот Хари беше првиот кој изговори „те сакам“ во врската со Меган Маркл, откриваат нивни пријатели кои додаваат дека двојката од својата прва средба биле „веднаш опседнати“ еден за друг, открива новата биографија за кралската двојка.
Двојката почувствувала „силно привлекување“ по нивниот прв состанок во Сохо, во Лондон, при што Хари на пријателите им рекол дека останал во „транс“, а Меган рекла дека „ова може да продолжи“.
Хари пиел пиво, а Меган мартини и тие разговарале за својата работа, и толку се внеле во разговорот што другите кои биле со нив се почувстувале запоставено.
На нивната прва средба, која траела три часа, Хари зборувал за својата хуманитарна работа и своите патувања во Африка, а на двајцата им било заедничко што имале желба „да напрат промени за добро“. Врската се случила по разводот на Меган и раскинувањето со првата сериозна врска после тоа. Им рекла на пријателите пред нејзиното патување во Лондон, дека би сакала „фин англиски џентлмен за да флертува со него“.
Тие не се бакнале првата вечер, иако избори велат дека „си создале свој мал свет“ и направиле план да се видат што побрзо повторно.
Нивната втора средба се случила следната вечер, на истото место, пишува во најновата биографија „Finding Freedom“, напишана од авторите Омид Скоби и Каролин Дуранд.
Авторите велат дека разговарале со повеќе од 100 извори меѓу кои се „блиски пријатели на Хари и Меган, помошници во кралското семејство и од палатата (поранешни и сегашни) и дека за сите информации имале „најмалку два извори“.
Во најновиот извадок, тие длабоко навлегуваат во приказната како Хари и Меган станаа двојка, нивните први состаноци, нивната посета на Палатата Кенсингтон и како Хари прв и рекол „те сакам“ што се случило во третиот месец од почетокот на нивната врска, на што Меган веднаш му одговорила „и јас те сакам тебе“.
Двојката речиси веднаш се поврзала, велат пријателите, со вторниот состанок во Сохо, кој се случил веднаш по првата средба.
Тие уживале во романтична вечера, при што персоналот мака мачел да им обезбеди приватност, па дури им овозможиле да влезат незабележано преку влезот за послугата.
Тие цела ноќ разговарале, а Хари се вратил сам во Палатата Кенсингтон, иако на пријателите им признал дека Меган го „освоила целосно“.
Тие се обиделе да ја скријат својата врска, иако Меган на Инстраграм објавила фотографија со бонбончиња во форма на срциња и напиша „бакни ме“ како и „вљубени срца во Лондон“. А исто така почнала да го следи приватниот налог на Хари на истата мрежа.
Следната ноќ, по втората средба Меган влегла во Палатата Кенсингтон но тајно, додека Хари се обидел да ја импресионира со приказни од својот живот и работата, признавајќи дека сето тоа е „помалку лудо“.
По шест недели, Хари ѝ рекол дека сака да ја однесе на патување, и побарал Меган да дојде во Лондон.
Таа зела авион од Торонто, ја поминала ноќта со Хари во Палатата, пред двојката да замине со авион во Јоханесбург следното утро.
Оттаму, тие со приватен авион заминале на сафари во Боцвана. При тоа биле сместени во луксузни бунгалови каде една ноќ чини 1.529 фунти. Пријател вели: „Се врати насмеана и целосно маѓепсана“.
Толку уживале во патувањето што се договориле цело лето да го поминат заедно, ако немаат обврски да се вратат дома.
Меган исто така отворено настапила и му кажала искрено што чувствува за Хари.
„Никогаш не сум се чувстувала толку безбедно“, му рекла Меган на свој близок пријател „толку се зближив за многу кратко време што не ми се случило досега“.
После тоа, тие често се гледале, а Хари со комерцијални летови одел да Торонто за да ја посети.
Патувањето во Боцвана, технички, беше нивната трета средба, и послужи за да се забрза врска, тврдат пријатели.
„Во тој период, и двајцата добија впечаток дека танцуваат околу една идеја која може да стане вечна“.
Меган целосно се посветила на врската и ѝ се допаднала идејата дека ќе биде кралска сопруга.
Првите месеци нивната врска ја држеле во тајност, плашејќи се да не дознаат медиумите за тоа.
Како и да е, Хари набрзо е забележан во соседството на Меган, а бил опкружен и со обезбедување кога ја посетувал.
Во октомври, додека бил во Торонто, Хари добил информација од свој помошник дека таблоид се спремал да ја обелодени неговата врска со Меган.
Помошникот, и неколку други од палатата, го советувале Хари да се врати дома, го предупредиле и неговото минимално обезбедување дека наскоро ќе го опседнуваат фотографи.
Но Хари одбил да се врати.
Информацијата е објавена следниот ден, при што Меган била разочарана многу, пишува во биографијата, бидејќи таа и своите блиски ги лажела постојано за вистинската причина за нејзините патување во Лондон.
Хари ја предупредил Меган дека „неизбежно нивната врска ќе излезе во јавност“ и ѝ рекол да го искористат добро времето поминато заедно, иако Меган признава дака се изненадила во вниманието кое наеднаш го добила во јавноста.
За само 24 часа, Меган примила 100 пораки од луѓе со кои не се слушала со месеци или со години, и тие ја прашувале дали е вистина за врската.
Кратко време потоа, фотограф од Лос Анџелес ја чекал Mеган пред нејзиниот автомобил, со надеж дека ќе направи добра фотографија кога излегува.
Меган го пријавила во полиција. На својот пријател налутено му рекла: „Од сега натаму, вака ќе биде, нели?“
По обелоденувањето на врската почнале и првите расистички напади преку социјалните медиуми, нарекувајќи ја црнец и мелез. Ваквите пораки секако го налутија Хари.
Всушност пријателите на Меган велат дека Хари сфатил дека Меган ќе мора да се соочи со тоа, а тој самиот изгубил некои од своите пријатели.
Кога го прашувале за својата нова врска, и дали таа била „соодветна“, тој постојано размислувал и расата и класата каков удел имаат во нивната љубов.
Тој веднаш го прекинал пријателството со некои пријатели кои ја презирале Меган и нејзиното холивудско минато.
Тој почнал повеќе да ја штити и реши да даде официјална изјава.
Но, неговата изјава се поклопи со патувањето на неговиот татко, принцот Чарла на Блискиот Исток, како и посетата на Бахреин од страна на Принцот од Велс и Војвотката од Корнвол.
Тоа беше критичен момент и Хари сакаше да ја обелодени врската и покрај тоа што неговото семејство не знаеше за тоа. Неговиот татко дозна само 20 минути пред официјалната изјава објавена од Палатата Кенсингтон со која се отфрлаа сите одвратни написи во печатот, но се потврди неговата врска со актерката.
Самиот Хари инсистираше да се објави врската со која беше засенета турнејата на неговиот татко кој пак беше скршен и разочаран кога разбра за изборот на својот син.
Како и да е, оваа епизода е само доказ дека Хари чувстувал потреба да ѝ даде приоритет на жената што ја сака пред своите должности во кралското семејство.
Новата бомбастична биографија за Хари и Меган открива многу интриганти детали од нивното запознавање и заедничкиот живот во кралското семејство, се до моментот кога одлучија да си заминат од палатата и да се преселат во Канада.
Војводата и војвотката од Сасекс тврдат дека не дале никакви изјави или интервјуа за авторите на книгата која веќе е најавена како бестселер за светската публика.