Нова година кај Сузана Гавазова – досега никогаш НЕ покажала како изгледа нејзиниот стан
Сузана Гавазова го украси својот дом за празниците, па веднаш се пофали на социјалните мрежи.
Фолк-пејачката е позната по своите провокативни изданија, но овој пат на својот пофил на Инстаграм не објави селфи фотографија туку од својот стан и покажа како изгледа новогодишниот амбиент во нејзиниот дом.
На нејзината елка доминира белата боја, а под неа се гледаат пакетчиња на кои најмногу се радуваат нејзините деца.
Инаку, Сузана со својот сопруг решија да се вратат од Шведска и да живеат во Македонија каде таа продолжи да ја гради својата музичка кариера.
Таа пред само неколку дена го прослави својот 40-роденден во ресторан во родната Струмица кога беше облечена во фустан во црвена боја со која го истакна своето тело.
На роденденската забава присуствуваа бројни познати фаци од нашата естрада, а Гавазова во интервју за Ин ТВ изјави.
„Се знае која е мојата желба, што друго би си замислила ако не здравје. Пред се, посакувам здравје, да ми се здрави и живи децата, а во 2020-та година да имам повеќе хитови. Она што ме одржува сите овие години е тоа што сум сакана од сопругот, од фамилијата, од моите обожаватели. Тоа ме одржува во форма и ме прави да бидам секогаш млада“.
,