Во Љубљана во понеделникот беше отворена првата џамија во Словенија, педесет години откако стигнаа првите барања за изградба од страна на муслиманските верници.
Агенцијата АФП наведува дека проблем биле десничарските партии на кои им пречеше тоа што изградбата на џамијата во главно е финансирана од Катар. Заради тоа на градилиштето не ретко се случувале и грди сцени, како оставање на свински глави и свинска крв. Но проектот имаше голема поддршка од градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.
Според Неџаф еф. Грабус, верски водич на муслиманите во Словенија, ова е голем пресврт за оваа европска земја. „Словенија е последна земја од поранешна Југославија која доби џамија, што ја прави европска престолнина, а на провинција на работ од светот“, порача тој на прес-конференцијата во Љубљана.
Муслиманската заедница во доминантно католичката земја уште пред 50 години побара да им дозволат да направат џамија, но дозволата беше издадена дури пред 15 години. Изградбата на објектот чинеше 34 милиони евра, од што 28 милиони ги даде државата Катар. Верскиот објект собира 1400 луѓе, а тука се уште пет помошни објекти како едукациски центар со библиотека ресторан, игралиште за кошарка, станови за клер и 40 метарско минаре.