Дали овој тренд наскоро ќе го видиме и на нашите фестивали?
Ако на Инстаграм ги следите највлијателните инфлуенсерки на светот, најверојатно дел од прелистувањето на оваа социјалната мрежа ви е исполнет со фотографии од фестивалот Коачела.
Девојките облечени во што помалку облека, широки насмевки на нивните убави лица, луда забава, а од оваа година често можеме да видиме и девојки кои воопшто не носат облека. Наместо тоа тие градите ги покриваат со самолепливи ленти во различни бои и форми.
Овој тренд со лепење ленти по целото тело го започна дизајнерот од Мајами, Џоел Алварез, кој веќе цела деценија дизајнира „облека“ од лепливи ленти. „Во 2008 година бев почетник фотограф кој работеше со манекенка што сугерираше за последниот стајлиг да користиме самолеплива лента. Немав поим што сакаше, но за да ја направам среќна, се обидов да искористам лента како дел од облеката. Кога завршив, таа изгледаше како шунка во пластично пакување, но тоа ме поттикна да ја разработам идејата, вели Џоел. Тој следните неколку дена работел со манекенките со кои снимал, а по некое време забележал дека овие ленти му ласкаат на женското тело повеќе од било која облека.
Набргу почнал своите креации да ги продава на танчарките во ноќните клубови во Мајами, а потоа и во Франција, Норвешка и Канада. Се прослави кога поранешната мисица на Порторико на својот профил на Инстаграм сподели фотографии на кои носи негов костим за капење од златна лента.
Денес неговите креации од лепливи ленти чинат и до 800 долари. Меѓу најпопуларни се неговите костими за капење кои всушност не се тоа, бидејќи лентата се одлепува штом дамата што ги носи ќе влезе во водата.