Спот за насловната нумера „Она малку среќа“ во „ретро“ стил
На официјалниот канал на Јутјуб на Здравко Чолиќ вчера точно на пладне беше објавен новиот спот за насловната песна од актуелниот албум „Она малку среќа“.
Спотот е снимен низ повеќе градови во Србија и на осум локации каде што е развиена и основната идеа. Видеото е спој на интересна „ретро“ сценографија и преубави костуми во „винтиџ“ стил, а го режира долгогодишниот соработник на Чола, Александар Керекеш. Замислен е како култниот филм „Шоуто на Труман“, само што овој пат во прашање е млада девојка која цел живот ја следат камери.
Таа не е свесна за тоа, се додека еден гледач на шоуто нема да се вљуби во главната ѕвезда и не почне да бара начин како да допре до неа.
Текстот на песната го напиша Антонија Шола, која е и композитор заедно со Иван Зак, додека аранжманот продукцијата е на Никша Братош.