Познатата пејачка повторно изгледа како на почетокот од нејзината кариера
Пејачката Ана Николиќ долго време „кубуреше“ со килограмите, но во последно време изгледа како на почетокот од својата кариера кога важеше за една од најзгодните пејачки во регионот.
Таа деновиве позираше во свилен „слип“ фустан зачинет со тантела, а целото издание го зачини со длабоки чизми со високи потпетици и оверсајз тексас јакна.
Николиќ според многумина изгледа дури и подобро од почетокот на својата кариера кога важеше за една од најатрактивните пејачки на естрадата.
Таа поприлично се поправи по бременоста, па долго време откако се породи се бореше со вишокот килограми.
Но очигледно дека трудот и се исплатеше, па сега не престанува да ги воодушевува своите бројни фанови со нови фотографии на кои изгледа неверојатно.