Николиќ се преполови – изгуби повеќе од 20 килограми. Погледнете како изгледаше пред и по ригорозните диети и тренинзи
Беше упорна и сега не се откажува од провокативните костими за капење
Пејачката Ана Николиќ (40) со години кубури со вишокот килограми, а во последно време на социјалните мрежи постојано споделува фотографии од кои можеме да видиме дека редовно тренира во теретана и дава се од себе да ја врати својата линија што ја имаше пред бременоста.
Таа пред неколку дена го покажа резултатот од вежбањето и ги воодушеви сите, а евидентно е дека музичката ѕвезда е на добар пат да изгледа како пред пет-шест години, во својот најдобар период.
Убавата Николиќ со години се бореше за потомство, а откако ја роди ќерката Тара поприлично се поправи. По разводот од Стефан Ѓуриќ Раста пејачката помина низ тежок период, а медиумите не ретко пишуваа дека поради вишокот килограми изгледа непрепознатливо.
Но по две години Ана застана на своите нозе и цврсто реши да и се врати на својата публика на која и недостига. Таа почна сериозно да води сметка на исхраната, и да прави напорни тренинзи за кои е потребно многу труд и енергија, но и голема желба повторно да биде онаа старата каква што ја памтат нејзините верни обожаватели.
Од нејзините последни фотографии што редовно ги објавува на социјалните мрежи можеме да забележиме дека има изгубено повеќе од 20 килограми, а нема сомнеж и дека наскоро ќе се појави уште поубава, попривлечна и спремна повторно да доминира на музичката сцената.