НИКОГАШ ПОСЕКСИ, ВЛЕЗЕ ВО РИНГОТ – Александра Јанева почна да тренира бокс?!
„Утрото ќе промени сѐ“ е нејзиното најново музичко остварување
Пејачката Александра Јанева има нова песна , за потребите на видеозаписот таа мораше да влезе во ринг и да стави боксерски ракавици.
„Утрото ќе промени сѐ“ е нејзиното најново музичко остварување, прекрасна балада во нејзин стил, но она што можеме да го заклучиме е дека пејачката за првпат се појавува во вакво секси издание.
Јанева важи за една скромна пејачка со еден од најубавите гласови на сцената. Нејзе не ѝ е потребно да се разголи за да собере прегледи, во суштина секогаш е пристојно облечена, таа е вистинска дама.
Од коментарите на јутјуб може да се видат само пофални зборови за песната.Текстот е на Тајзи и Лазар Цветкосвки, музиката е на Лазар Цветковски и на Александра Јанева.
Горан Симјановски се погрижил за прекрасниот спот.
Претходната песна на Александра е „Глумиме“ која излезе пред една година. Таа секогаш оди полека со музиката, но квалитетно.
Да се потсетиме и на оваа песна која беше вистински хит.
Фото: Инстаграм/ Александра Јанева
Фото: Инстаграм/ Александра Јанева
Фото: Инстаграм/ Александра Јанева
Фото: Инстаграм/ Александра Јанева
Фото: Инстаграм/ Александра Јанева