Реклама
Наши ѕвезди

Никогаш нема да те прежалиме братко мој – порака на Цетински за Тоше Проески што кине душа

Тони Цетински напиша тажна порака за Тоше Проески заради која на многумина им се насолзија очите

Реклама

На овој тажен ден многу колеги и пријатели на Тоше Проески се сеќаваат на него и објавуваат стари заеднички фотографии.

Еден од нив е и хрватскиот пејач Тони Цетински кој се присети на Тоше кој загина пред 16 години во Хрватска.

„Драг братко, тешки се овие времиња, но не се предаваме бидејќи ништо не е толку тешко како овие 16 години без тебе.“

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

„Толку тежок ден што ми е мака и така секојпат кога ќе се присетиме на тоа кобно утро откако те нема. Од денот кога замина тука на земјата за нас што те сакавме некоја визија за идеален Свет преку ноќ исчезна. Живееме, сакаме, работиме, но ништо не е исто без тебе, мој Тоше, ништо. Со тебе и тешките денови поминуваа полесно.“

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Тони Цетински

„Сé беше полесно и сé беше можно. Знам дека си тука некаде и бдееш над нас, но недостасува твојата физичка присутност и твојата насмевка како и твојот збор и глас. Твојот благ поглед и таа твоја заиграност на мало дете во тело на возрасна личност полна со разбирање за секого. Често ќе помислам дека не можам повеќе, но тогаш во истата секунда го даваш твојот знак. Или ќе се слушне твоја песна или некој ќе испрати порака врзана за тебе која охрабрува и ми дава сила да станам и да тргнам понатаму. Никогаш нема да можеме доволно да ти се заблагодариме и никогаш нема да те прежалиме братко мој.“

„Тажна е секоја годишнина од твоето заминување, тажен е секој момент, но мораме и натаму да живееме со надеж дека повторно ќе се сретнеме“, напиша Тони на својот профил на Инстаграм.

Тоше Проески загина трагично пред точно 16 години во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Хрватска.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Пејачот тој кобен ден патуваше за Загреб, каде требаше да сними англиска верзија од еден од своите хитови.

Во несреќата што се случи потешко беше поведен и возачот Георгиј Георгијевски, а полесно повредена беше менаџерката Лилјана Петровиќ.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button