Никогаш нема да погодите колку години има оваа убавица – важи за НАЈЗГОДНАТА БАБА на светот, има три внучиња (фото)
За неа велат дека е најзгодната баба на сите времиња, а својот младолик изглед го одржува на наједноставен начин.
Неверојатната русокоса убавица Џина Стјуарт има 53 години и позната е како најзгодната баба на светот.
Таа има три внуци и се уште важи за еден од најпознатите австралиски онлајн модели.
Џина со години се занимава со манекенство, а и денес секојдневно добива бројни комплименти за својот физички изглед.
„Веруваме дека со стареење сите се менуваме, внатрешно и надворешно заради животните искуства. Животот може да не оптовари. Мислам дека практикувањето на дисциплиниран позитивен ментален пристап навистина ми помогна да се носам со тоа“, признава Џина која првото дете го родила на 19-годишна возраст, а денес, по 30 и кусур години, е горда баба на три внучиња.
„Моите деца растат и неверојатно е да се биде баба. Сите деца ги пораснав и горда сум на она што станаа. Спремна сум за следните 20 години. Знам дека тоа ќе биде предизвик бидејќи сите со тек на време старееме, но знам дека сите можеме да одиме низ животот што е можно поздраво и физики силни како најдобра верзија од себе, за што е потребно само знаење, труд и преданост. Се надевам дека ќе ги инспирирам луѓето да го направат тоа“, вели оваа убавица и додава:
„Да се грижите за себе е еден од најголемите предизвици и на крај ќе ви се исплати со додавање повеќе години во вапиот живот“, вели таа.
Што се однесува до нејзината тајна, таа вели дека е многу едноставна – секое утро се тушира со ладна вода.
„Тоа е одлиен начин да се забрза метаболизмот и да се подобри изгледот на кожата и косара. Веќе со години сум страстна заговорничка и корисничка на криотерапија (терапија со мраз) и ги препорачувам сите видови, иако е поприлично скапа“, вели Џина која е во шестата деценија од животот, а изгледа минимум дваесетина години помладо.
Како што открива самата, се што треба да направиме е најпрво да се истушираме нормално, како што секогаш го правиме тоа, а потоа и со студена вода околу триесетина секунди.
„Идеално би било тоа да го правите две минути, за да постигнете целосен ефект“, објаснува оваа неверојатна жена.
Како Џина која своевремено беше една од топ 10-те најзгодни жени во Австралија изгледа денес, погледнете во продолжение.
Таа на социјалните мрежи има илјадници фанови кои секојдневно ја следат и се воодушевуваат од нејзините нови објави.
Фото: Инстаграм/ Џина Стјуарт
Фото: Инстаграм/ Џина Стјуарт
Фото: Инстаграм/ Џина Стјуарт
Фото: Инстаграм/ Џина Стјуарт
Фото: Инстаграм/ Џина Стјуарт
Фото: Инстаграм/ Џина Стјуарт
Фото: Инстаграм/ Џина Стјуарт
Фото: Инстаграм/ Џина Стјуарт
Фото: Инстаграм/ Џина Стјуарт
Фото: Инстаграм/ Џина Стјуарт