Никогаш не му било поубаво на душичката – Јордан Митев пресреќен, ова е причината за неговата радост
Публиката го обожава, но и тој е пресреќен кога тие се веселат на неговите настапи
Познатиот пејач веќе одржа неколку успешни концерти во Австралија каде со македонска песна ги веселеше гостите.
Повеќе од очигледно е дека ќе биде ова уште една одлична турнеја на нашата музика ѕвезда Јордан Митев.
Пејачот пред неколку дена замина во Австралија каде веќе одржа неколку настапи за кои се бараше влезница повеќе.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Влезниците за неговите настапи беа распродадени уште пред неколку недели, додека тој се уште беше во Македонија, па заради преголемиот интерес на Македонците што живеат на овој далечен континент, Јордан закажа уште неколку дополнителни концерти во некои од градовите.
Фото: Фејусбук/ Јордан Митев
Круна на неговата турнеја ќе биде неговиот настап во Перт, на 18 ноември, со кој Јордан ќе ја заврши неговата турнеја.
Од она што досега можевме да го видиме од објавите на Јордан на социјалните мрежи, но и од нашите иселеници во оваа земја, публиката од неговите концерти на кои тој настапува заедно со својот оркестар секогаш си заминува насмеана и расположена, полна со убави сеќавања.
Фото: Фејусбук/ Јордан Митев
Пејачот не крие дека тоа најмногу го исполнува и му ја полни душичката и дека му е убаво кога ги гледа нашите како играат оро на неговата музика, а неговата радост и емоции се гледа и од објавите на Фејсбук што тој овие денови ги споделува со фановите.
Впрочем Јордан во изминативе неколку дена сподели неколку фотографии и снимки од неговите настапи, но ја сподели и неговата најнова песна „Денес ми е добро на душичката“, што најдобри покажува како се чувствуван пејачот во овие моменти.
А што вели самиот Јордан за оваа негова песна, и дали навистина му е добро на душичката, прочитајте тука...