Никогаш не изгледала поубаво, сите гледаа во овој детаљ – Елена Стефановска во едно од најдобрите изданија досега
Погледнете го ова шик издание на нашата позната водителка
Водителката Елена Стефановска на својот Инстаграм објавува фотографии на кои изгледа како некоја светска модна блокерка. Имено, таа не ретко знае да се пофали со своите феноменални модни изданија, но и да сподели интересни моменти од своите патувања низ познатите светски дестинации каде повторо во преден план е нејзиниот стил.
И мораме да признаеме дека таа во последно време изгледа се подобро и подобро. Без разлика дали носи куси фустанчиња или панталони, водителката ќе ве освои на прв поглед со својот гламурозен изглед, па можеме слободно да ја прогласиме за македонска модна икона.
Тоа можеме да го видиме и од следната фотографија на која носи мал црн фустан, со тренди ремен врзан околу половината. Таа целото издание го заокружи со тенки високи потпетици и нејзината препознатлива руса коса, а во центарот на вниманието се нејзините убави нозе.
Но како што веќе кажавме, Елена и кога носи панталони знае да направи впечатливо модно издание.
Имено, на следната фотографија ќе видите како шармантната водителка облечена во светкаво сако и панталони поради еден детаљ ги клекна на колена претставниците на посилниот пол. Таа ја „подигна“ целата комбинација на повисоко ниво со нејзиното разголено деколте под кое ѕирка црната блуска со тантела која никого не остави рамнодушен.
Па кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?