Никогаш не изгледала поубаво и попривлечно, љубовта со помладиот уметник го зголеми нејзиниот шарм
Пејачката Каролина Гочева го истакна деколтето, нејзиниот Инстаграм „гори“ од коментари
Каролина изгледа сé поубаво и попривлечно
Откако се омажи за Михаил Корубин, познатата пејачка Каролина Гочева изгледа сé поубаво и позаводливо, коментираат многумина.
Пејачката иако има 43 години се уште изгледа како да е десетина години помлада и со својата убавина плени каде и да се појави.
На нејзиниот изглед можат да и завидуваат и многу помлади колешки, а тоа може да се забележи и на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Имено, деновиве на нејзиниот профил на Инстаграм испливаа неколку нови фотографии направени како реклама за еден бренд за накит, на кои популарната пејачка изгледа како вистинска дива.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Очигледно љубовта со шест години помладиот уметник позитивно влијае на пејачката, па сега на нејзиниот изглед сите се восхитуваат.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Таа зрачи со својата убавина и важи за една од најпосакуваните жени во нашата земја, а за нејзините настапи и да не зборуваме.
Таа знае како да ја воодушеви публиката, како со својот глас, така и со изгледот, па за неа секогаш се бара карта повеќе.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
А колку е убава и зошто е толку посакувана Каролина покажа и сега, со овие свои фотографии со кои го „запали“ интернетот.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Таа позираше во тесен фустан на преклоп, под кој не носеше градник, така што во центарот на вниманието беше нејзиното деколте.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Каролина едноставно блескаше во ова свое издание, а веруваме дека и нејзиниот партнер останал без зборови.
Како сето тоа изгледше, погледнете во продолжение..