Нивната љубов нема граници – еве како сопругата на Борко Ристовски го ИЗНЕНАДИ својот сакан, овој детаљ ги воодушеви сите

Нина Ристовска му го честиташе роденденот на својот сопруг Среќен роденден, злато наше!

Поранешната манекенка и модел Николина Нина Ристовска, сопругата на ракометниот репрезентативен голман Борко Ристовски, со порака и фотографија на која што уживаат му го честиташе роденденот на својот сопруг.
Борко Ристовски вчера наполни 39 години, а неговата сопруга му го честиташе и преку Инстаграм.
Покрај заедничката фотографија на која се гушнати и со нивниот син Душко, Нина напиша:

„Среќен роденден, злато наше!“
Многумина што го следат профилот на поранешната манекенка беа воодушевен од оваа емотивна објава, па следуваа бројни комплименти на нивна сметка.

Многумина го забележаа и интересниот детаљ што се наоѓа пред нив на масата, а тоа е тортата со која што Нина и Душко го изненадија Борко.

Тортата е во сина боја и со знакот на Супермен, што укажува на тоа дека тој е нивниот супер херој.

Поради состојбата со епидемијата, тие роденденот го прославија скромно, во романтична семејна атмосфера.

Потсетуваме, македонскиот „министер за одбрана“ и убавата кумановка за неколку месеци ќе прослават четири години брак. Тие во февруари 2018 се заколнаа на вечна љубов, а по една година ја направија и свадбената веселба.

Тие денес уживаат во својата семејна идила, а нивната радост и среќа ја зголемува нивниот син Душко кој го доби името по неговиот дедо, таткото на Борко.

Благодарение на Нина која често споделува фотографии на својот профил на социјалните мрежи можеме да видиме како изгледа како изгледа нивниот приватен живот, но и дека на нивната љубов нема граници.

Повеќе фотографии од Нина и од нејзиното семејство погледнете во галеријата што следува!
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
