Нивната забранета љубов беше главна тема во медиумите – Шехерзад денес изгледа непрепознатливо и НЕ личи на себе (фото)
Нивната љубов беше актуелна и во светските медиуми бидејќи во тоа време и двајцата имаа други партнери покрај себе
Познатите актери Халит Ергенч и Бергузар Корел кои ги памтиме по серијата „Илјада и една ноќ“, важеа за омилен турски пар.
Тие во серијата ги глумеа Онур и Шехерзад, а покрај талентот публиката ја освоија и со своите приватни животи.
Имено, Халит и Бергузар се запознаа на снимањето на серијата пред 10 години и ги оставија дотогашните партнери.
И додека серијата во која што се запознаа беше за нераскинливата врска, меѓусебното почитување, искреноста и љубовта, Онур и Шехерзад во своите приватни животи се вљубија еден во друг, оставајќи ги своите партнери – симпатичната Бергузар своето момче, а Халит кој го глумеше и Сулејман, својата сопруга.
Нивната фатална љубов беше топ тема и тоа не само во турските медиуми, туку во сите земји каде што беше популарна серијата.
Бергузар денес изгледа потполно различно – нејзината долга коса драстично е скратена и сега изгледа речиси непрепознатливо, а многу фанови се разочарани што ја скратила косата.