Ни Лила Филиповска не можеше да му одолее на овој тренд – познатата водителка во најжешкото издание што сме ја виделе досега
Погледнете го ова шик издание на Лила

Познатата водителка се појави во прекрасно издание на својата роденденска забава. Имено, таа објави интересна фотографија на која позира покрај шанкот во еден ресторан во Солун, а во коментарите напиша дека и е роденден.
Лила за оваа пригода избра мал црн фустан кој совршено ја нагласи нејзината витка линија на која можат да и завидуваат и многу помлади колешки од неа. Таа преку тесното фустанче носеше сако со интересен цветен дезен, а целото издание го зачини со црвен кармин и црвени чизми над колена кои веќе неколку сезони не излегуваат од мода.

Лила на својот профил редовно споделува фотографии на кои можеме да ја видиме во најразлични модни изданија, но ова дефинитивно е едно од најсмелите што сме ја виделе во последно време. Таа изгледа спектакуларно и женствено, но истовремено провокативно, сензуално и неодоливо, посебно во овие чизми во страсна црвена боја.
Како да носиме високи чизми
Високите чизми кои досегаат над колената се вистински хит оваа сезона, а тајната за нивниот неверојатен успех се крие во тоа што секоја модна комбинација со нив станува многу поинтересна, шик и неодолива.

Тоа впрочем ни го покажа и Лила со ова нејзино издание, како и ред други познати девојки кои го обожаваат овој тренд. Можете да ги носите со вашите омилени џемпер фустани за совршени есенски денови, или со фармерки, сакоа, па дури и со кратки здолништа, бомбер јакни и оверсајз капути.
Рамните модели се одлични за едноставни и лежерни секојдневни комбинации, додека оние со истакнати високи потпетици ќе внесат доза на елеганција и женственост и во најформалните изданија и секој вечерен аутфит.
Во продолжение погледнете неколку модели што ги избравме од познатите дизајнерски брендови.
ALEXANDRE VAUTHIER £840.00
CHRISTIAN LOUBOUTIN £1,033.08
CHRISTIAN LOUBOUTIN £941.09
DOLCE & GABBANA £687.50
GIANVITO ROSSI £1,150.00
SAINT LAURENT £1,008.33
SAINT LAURENT £1,083.33
SAINT LAURENT £1,141.67