Нејзиното тело е нејзиниот храм – Џенифер Лопез (49) повторно го запали интернетот со своите секси фотографии. Еве што и искоментира бившото момче
Џенифер Лопез го „запали” интернетот со ове секси слики, по нив доби коментар од поранешното момче Паф Деди со кој беа во врска неколку години.
Пејачката и актерката Џенифер Лопез (49) на социјалните мрежи често се фали со своето затегнато тело кое е резултат од редовни и напорни вежби. Таа воодушеви голем број фанови и овој пат со своите последни фотки на Инстаграм, кои исто така беа искоментирани од нејзиното поранешно момче, и поранешниот дечко, Паф Деди (49).
„ОМГ“ – напиша кратко под фотографијата познатиот рапер, а актуелниот дечко и пензиониран бејзбол играч Алекс Родригез (43) секако дека не му остана должен.
„Каков среќни сум јас “, искоментира Родригез, за да му биде јасно на американскиот музичар дека Џеј Ло е среќна и зафатена девојка. Џенифер и Диди беа во врска неколку години, а двојката се запозна во 1999 година за снимање на нејзиниот прв албум „On The 6”. Музичарите веднаш се вљубија и започнаа љубовна врска, а во 2001 година решија да прекинат.
Џенифер веќе некое време е страстен зависник од теретана и вежбање, а папараците често ја “ловат” како ја напушта салата каде што вежба најмалку трипати неделно. Последен пат кога го снимија папараците Џенифер имаше тесен бел топ и хелнаки од кои можеше да се забележи нејзината совршена фигура, како и стегнатиот задник.
Иако веќе на 50-годишна возраст, пејачката лесно може да им парира на своите помлади колешки.
https://www.instagram.com/p/BtCF3ZwAnPz/
„Џенифер е како вино. Колку е постаро, толку е подобра. Може да биде благодарна за делумно генетиката, но клучот за успехот е во нејзината исхрана. Таа е многу дисциплинирана за она што ја јаде и не консумира премногу алкохол. Нејзиното тело е храм, рече нејзиниот личен тренер, Дејвид Кирш.