Реклама
Наши ѕвезди

Нејзината порака кажува многу: Анета Молика се огласи по разводот од Џими, ова никој НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ

„А јас сум одлично, бидејќи не ми е грижа воопшто, а јас сум одлично, подобро и не би можело“

Реклама

Познатата пејачка со новата објава испрати јасна порака

Нашата позната фолк-пејачка Анета Мицевска по долги години брак се разведува од својот сопруг и колега Џими.

Таа веста дека се разведува ја потврди за нашиот магазин, истакнувајќи дека нивната група Молика ќе продолжи со настапите.

Маркетинг

Откако веста за нивниот развод одекна како бомба во медиумите, Анета на Инстаграм го промени и своето презиме.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Таа го врати своето моминско презиме Љумаковска, а деновиве објави и една заедничка фотографија со нејзината ќерка.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Но покрај оваа фотографија Анета вчера сподели и едно „стори“ на кое се снимаше со песна од Александра Пријовиќ.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Во прашање е песната „Јас сум одлично“ од познатата пејачка која има силен и емотивен текст, а со кој Анета испрати силна порака.

„Велат дека половина те нема, дека си само сенка, кога ќе те прашаат за мене плачеш како жена. Велат дека одвај преживеа, кој би кажал дека толку лошо ќе ти тргне, мислеше дека јас заради тебе ќе сечам вени, не, не, не. Јас заминав, ти остана. А јас сум одлично, бидејќи не ми е грижа воопшто, а јас сум одлично, подобро и не би можело, а јас сум одлично, а ти прашај се будало, дали барем малку остана од тебе во мене“ гласат стиховите од песната на Александра Пријовиќ за која многумина се посомневаа дека Анета со ова своја објава индиректно му се обраќа на сега веќе поранешниот сопруг Џими Мицевски.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Потсетуваме, Анета и Џими кои долги години важеа за складен и хармоничен естраден пар, решија дека е најдобро да се разведат и да започнат нова фаза во нивните животи.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Тие повеќе од 2о години беа во брак од кој ја имаат ќерката Молика, а Џими има син и од претходниот брак, кој исто така е музичар.

Фото: Фејсбук/ Анета Молика

Причината за нивниот развод се уште не е позната, ако не ги земеме во предви гласините, а оние што ги познаваат велат дека се соочувале со различни моменти во животот и досега секогаш успешно успевале да ги пребродат предизвиците што ги носи заедничкиот живот.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Но очигледно нешто било пресудно тие да решат да стават точка на нивниот брак и да продолжат сами, секој на своја страна.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Што изјави Анета за ова, прочитајте тука

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button