Нешто чудно се случува со пациентите од коронавирусот: Докторка објаснува за новата компликација
Виролот Ана Банко рече дека за коронавирусот и натаму постојат многу непознати раноти, но и дека многу работи се откриени од моментот откако е откриен.
„Знаемо за кои рецептори се врзува, дека не се населува само во репораторните ќелии, туку и дека доаѓа во контакт со многу други. Во последните недела дена гледаме и дека покажува неуроинвазивност, односно компликации на централниот нервен систем и тоа е се она што во текот на оваа пандемија е откриено“, рече доктор Банко.
– Нас се уште не плаши ова што е непознато, наведува докторката и напоменува дека се приближуваме кон периодот кога ќе добиеме и вакцина.
Истакнува дека вирусите се исти како на почетокот на епидемијата, оној кој се појавил во Кина е изолиран во јануари. Тој вирус, како што вели, покажал тенденција на промени кога преминува од еден домаќин во друг, но дека тие промени не довеле до загрижувачки степен на мутација.
Според нејзините зборови, од почетокот на пандемијата се покажале бројни заблуди за ивурост, зошто за научниците тоа беше нов инфективен агенс.
Научени лекции
Како прва и најголема заблуда за коронавирусот, доктор Банка ја издвои онаа дека асимотоматските носители не постојат, што се покажало дека не е точно.
„Студиите кои мереа концентрација на вирусот во респираторниот тракт меѓу асимптоматските и симптоматските носители покажаа дека таа концентрација речиси е подеднаква, било да се во прашање деца или возрасни. Така што тие подеднакво се опасни за околината, би рекла и повеќе опасни, зошто не се свесни дека се инфицирани“; наведе доктор Банко.
Потоа, дека вирусот ја намалува вируленцијата, односно дека ја губи способноста за оштетување на клетките. Докторката наведува дека тоа во ниту една студија досега не е докажано.
Една од заблудите беше и таа дека вирусот ќе исчезне.
„Овој вирус се покажа со исклучително адаптибилна способност кон човекот и ние денеска зборуваме за хуман вирусот, што значи дека тој не може едноставно да исчезне“, рече докторката.
Исто така, приказната дека вирусот ќе исчезне кога ќе се зголеми температурата и УВ зрачењето не држи вода, зошто вирусите како задолжителни интраклеточни организми можат да преживеат само во нашите клетки, вели доктор Банко и повторува дека вирусот подеднакво циркулира и на јужната и на северната хемисфера.
Според нејзините зборови, се покажа дека и оптимизмот дека колективниот имунитет ќе биде создаден брзо и дека ќе трае долго, се покажа дека е една од најголемите заблуди.