Реклама
Вести

НЕСРЕЌА ВО КУМАНОВО: Тешко повреден 30-годишник при експлозија на плинска боца

Од пожарот со тешки телесни се здобил сопственикот кој бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош,

Реклама

Триесетгодишник од Куманово е повреден при експлозија на плинска боца што денеска околу 13:30 часот се случила на првиот кат од зграда под „Сума“ во центарот на градот.

Во стан на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, сопственост на Ф.Д.(30) настанал пожар од експлозија на плинска боца, при што станот целосно е опожарен. Од пожарот со тешки телесни се здобил сопственикот кој бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, информираат од кумановската полиција.

Експлозијата предизвикала голема штета, а избиени биле прозорците и вратите. На несреќата  интервенирале едно противпожарно возило и шестмина пожарникари, а екипи на ЕВН ја исклучиле струјата.

Маркетинг

 

 

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button