Непрепознатлива – Марија Шерифовиќ со долга коса и високи потпетици. Фановите во шок, ја НЕМААТ видено во ВАКВО издание
Многумина не би ја препознале
Познатата пејачка Марија Шерифовиќ со својот беспрекорен глас ќе ве освои на прв поглед, а нејзината кратка коса и впечатлив имиџ се нејзин заштитен знак.
Но таа порано изгледала поинаку.
Бидејќи имаше само 13 години кога прв пат се појави на малите екрани, досега нејзините фанови можеле да ја видат во најразлични модни изданија.
Марија досега многу ретко сме имале прилика да ја видиме во здолништа и фустани. Но таа во една емисија, која се емитуваше пред нешто повеќе од десет години, се појави со подолга коса и со екстремно високи потпетици во какви речиси никогаш ја немаме видено досега. Таа ја испеа песната „My All“ од Мараја Кери и звучеше одлично, впрочем како и секогаш, а како изгледаше погледнете во продолжение.
Инаку, таа и деновиве не изненади кога сподели фотографија по концертот во Чикаго каде настапи заедно со Џејла Рамовиќ. Таа како што самата истакна, ја испочитува традицијата, и се појави во розова сикња со кое ги воодушеви сите. Како изгледаше погледнете во продолжение…
А и самата Марија неодамна објави фотографија на која се потсети на својата младост.
Еве што напиша таа во пораката:
„Пред 28 години… Мојот прв ден на училиште. Начинот на кој мојата баба Драгиња ме држи за раката – зборува сосем доволно за мене. Бев нејзиното галениче и центар на светот и еднаш мноооогу одамна и ветив дека ќе биде супер горда бабичка! И да, го одржав тоа ветување!“ напиша Марија.