Необично празнично издание на нашата позната водителка за кое сите ЗБОРУВААТ: Горе женствено, долу – божествено!
Генијално празнично издание на Елена Стефановска
Нашата позната водителка привлекува внимание и со своите комбинации на социјалните мрежи.
Таа овој пат позираше во едно неочекувано издание, а многумина веднаш коментираа дека изгледа неодоливо.
Имено, шармантната водителка на емисијата „Живот со стил“ ги изненади сите кога позираше покрај новогодишната елка, но наместо фустан, носеше светкави панталони во зелена нијанса со кои никого не остави рамнодушен.
Стефановска и покрај тоа што беше закопчана до грло мамеше воздишки со својата елеганција и уште еднаш докажа дека не може да згреши кога е во прашање изборот на вистинските модни парчиња.
Панталоните што ги носеше совршено се вклопија со сакото кое изгледаше како да е неколку бројчиња поголемо, а водителката целото издание дополнително го зачини со интересниот, раскошен детаљ на вратот.
Широките светкави панталони со ѕвонест крој и „оверсајз“ сакото се одличен избор доколку сакате да се истакнете во масата, а водителката ова необично издание го заокружи со црни салонки, тренди црни очила за сонце, црвен маникир и сведена фризура со шишки.
Како таа изгледаше во ова издание, но и уште неколку нејзини други комбинации, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Па, како ви се допаѓа стилот на Елена?