Необично здoлниште со длабок шлиц и широка насмевка – познатата МАКЕДОНСКА фолкерка во ова издание го прослави роденденот

Пејачката го прослави својот 32 роденден.

Пејачката Сања Ристеска го прослави својот роденден и притоа ги изненади сите со своето страсно црвено издание.
Сања Ристеска е една од нашите најпознати пејачки на народна музика која од ден на ден се повеќе привлекува внимание и со своите фотографии што ги објавува на социјалните мрежи, на кои речиси секогаш изгледа беспрекорно.
Имено, фолкерката деновиве славеше роденден, при што оваа жена јарец заблеска во полн сјај.

Пејачката позната по необичните хитови „Ме заболе“ и „Раке пуке, раке шлаке“ за оваа пригода облече розова креација со која никого не остави рамнодушен. Таа блескаше додека му позираше на фотографот, а во центарот на вниманието беше нејзиното моќно, женствено тело.

Шармантната пејачка за оваа пригода избра да носи необичен розов фустан, со масивно и широко здолниште, со корсет во горниот дел. Длабокиот шлиц совршено ги истакна нејзините убави нозе на кои таа носеше салонки со тенки високи потпетици во нежна розо0ва нијанса, а целито аутфит го украси со залижана фризура и преубава шминка.

Таа позираше покрај новогодишната елка и со чаша шампањско во рацете наздрави со своите фанови.

Она што сите го забележаа е дека Сања блеска, но и дека е во топ форма, па изгледа како никогаш досега.

Тоа впрочем можеме да го видиме и од другите нејзини фотографии, а многумина се изненадени од неверојатната трансформација.
Имено, Сања на почетокот од својата бурна музичка кариера изгледаше многу поразлично, а нејзиниот стил од тогаш досега претрпе значителни промени.

Како таа изгледа денес, на почетокот од својата четврта деценија во животот, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
