Реклама
Наши ѕвезди

Необична фотографија од трансродната Алина од Ѕвездите на Гранд – МНОГУМИНА ЈА ПОСАКУВААТ, но таа го чека вистинскиот!

Реклама

„Мажите само го сакаат моето тело, но јас имам граници…“

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Трансродовата пејачка Алина Јухарт од Словенија пред неколку месеци се најде во центарот на вниманието откако се појави во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Таа сега повторно го привлече вниманието на јавноста, но овој пат со својата искрена исповед за својот љубовен живот.

Маркетинг

„Многу мажи сакале да бидат со мене во контакт. Половина од нив го сакаат сексуалниот аспект кој мене не ме интересира. Всушност, не половина, туку 75 отсто, а тоа мене не ме занима, бидејќи јас го почитувам моето тело и своите вредности. Никого не осудувам, но тоа границата што ја поставувам. Ме интересира, секако, во некој нормален однос“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Потоа тука се и мажите кои се подготвени на сé, но не се за мене“, изјави Јухарт како гостинка во емисијата „Реална приказна“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Алина зборуваше отворено и за нејзиното последно љубовно искуство, но и за проблемот со кој најчесто се соочува кога се во прашање нејзините партнери.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Моето последно искуство беше со момче кое имаше 99 отсто од сé што сакав, но го немаше тој 1 процент кој е најважен, а тоа е да излезе со мене во јавност. Мислам дека покрај мене треба да чекори маж кој ќе биде горд на мене и со кого и јас ќе се гордеам“, вели Алина. Таа потоа додаде и дека најверојатно уште долго време ќе го чека оној вистинскиот, но и дека тоа во моментов не и е најважно бидејќи живее како среќна и остварена жена, а тоа треба така и да остане кога ќе го сретне човекот со кого ќе биде во врска.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На прашањето дали во моментов постои некои посебен во нејзиниот живот, Алина како од пушка одговори дека постои.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Тој го има тој 1 процент што е пресуден, но на останатите проценти мораме да поработиме“, изјави пејачката со насмевка на лицето.

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Инаку, Алина која е родена како маж под името Алино, пред четири години реши да стане жена, иако се уште не потврдила дека го променила полот.

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

„Јас никогаш не сум кажала дека сум трансродова личност, бидејќи на мене тој префикс не ми треба. Не верувам во категории, иако во исто време тоа и го разбирам, бидејќи на луѓето тоа некако мора да им се објасни. Јас сум жена и таа живеам неколку години, можеби само ми е драго што конечно за тоа се зборува. Сакам да им покажам на луѓето дека ЛГБТ лицата не се ништо страшно, не сакаме никому ништо лошо, само сакаме да живееме во мир, љубов и слобода како и сите останати“, изјави Алина за „Гранд онлајн“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Поради големото внимание што тогаш го привлече во јавноста, се уште се зборува и за тоа како изгледала како маж.

Имено, порталот „Гранд.онлајн“ неодамна објави стари фотографии од Алина, од кои можеме да видиме дека отсекогаш сакаа да експериментира со стјлингот и фризурата, па така едно време носела и „чироки“ фризура.

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Во периодот додека била маж таа учествувала и во изборот за песна на Евровизија во Словенија, кога добила голема поддршка како од своите најблиски така и од сограѓаните. Со својата широка насмевка, позит9вна енергија и специфичен имиџ таа тогаш била миленик на жените, а покрај тоа што била убав маж, Алина ги освојувала сите и со својот глас, емоции и харизма, посебно што постојано сакала да пее.

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Но и покрај тоа што од мали нозе чувствувале дека е посебна, таа сепак немал храброст да се појави во јавност како жена, се до еден ден што се случил пред четири години кога решила да го слуша своето срце и емоциите. За време на процесот во кој се прифаќала себеси, Алина не крие дека имала проблем со внатрешната борба која што со години ја водела.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Сепак, таа имала голема поддршка од најблиските, таткото и братот кои и ден денес и даваат безрезервна поддршка.

Фото: Приватна архива, Гранд.онлајн

„Тоа е процес, па јас и ден-денес ќе се посомневам во себеси. Знаете, тоа не е лесен живот. Понекогаш додека шетам низ улица, луѓето ме гледаат, па потоа ќе го слушнат мојот глас, а јас морам да им објаснувам на луѓето за што станува збор. На мене ништо не ми е тешко, па ниту да им објаснувам, но пред се сакам да покажам дека сум нормална жена која сака да се бакнува, гушка, да сака и да го живее животот со полни гради“, изјави Алина тогаш за споментиот портал.

Повеќе нејзини фотографии погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button