Ненормална гужва на концертот на Калиопи во Скопје – емоциите се пресилни, сите пеат во еден глас
Калиопи на скопјани им приреди вечер за паметење
Една од нашите најголеми поп-диви Калиопи Букле вчера одржа концерт за паметење во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.
Таа успеа да ја наполни салата, но не само со публика туку и со емоции посебно кога сите задно ги пееја нејзините најголеми хитови.
На концертот беа присутни и многу наши големи ѕвезди, а снимка од настанот објави и нашата позната пејачка Каролина Гочева, која беше да ја подржи својата колешка.
Инстаграм
И нашата позната водителка од Канал 5 телевизија, Милена Антовска-Станковска, како и нејзината колешка, Вера Мештеровиќ, беа на концертот, кои заедно со публиката уживаа во целовечерниот перформанс на оваа нашата голема музичка ѕвезда.
Инстаграм
Инстаграм
Просторот беше исполнет до последно место и речиси да немаше каде игла да падне, но сите уживаа во хитовите што ги подготви пејачката.
Инстаграм
Калиопи на сцената се појави во раскошна црна тоалета која што ја комбинираше со црна кожна јакничка зачинета со нитни, а целото издание го заокружи со преубава фризура и суптилна шминка со која само дополнително го разубави своето лице.
Повеќе детали од нејзиниот настап погледнете во продолжение….
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм