Нена Дулева од Велес со години ја немавме видено – фолкерката се врати, еве како изгледа сега
Познатата фолк-пејачка Нена Дулева се врати на сцената и ги изненади своите обожаватели
Шармантната пејачка Нена Дулева со години не беше присутна на музичката сцена, а од неодамна по подолг период објави нова песна.
Станува збор за преработка насловена како „Елено моме“ за која спотот се снимаше во нејзиниот роден Велес.
Спотот за песната е снимен во соработка со ИН продукција, а пред неколку месеци, односно во текот на летниот период, Нена во соработка со сателитската ИНТВ објави видео со кое се врати на фолк сцената со неколку свои песни и ја воодушеви публиката.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Во најновото видео Нена изгледа потполно идентично како и некогаш, кога беше на врвот од својата кариера.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Нена во спотот се појавува во неколку различни фустани, но во секое од овие изданија блеска како никогаш досега.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Главна причина заради која долго време оваа симпатична велешанка ја немаше на сцената се нејзините две деца, Јордан и Јана, за кои секогаш зборува со љубов во очите.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Откако се омажи заедно со семејството замина во Германија, каде реши да направи пауза во музичката кариера.
На сцената прв пат се појави во 1997 година, на Фолк Фест Цветници, со групата Сонце со кои настапува од 16 годишна возраст.
По неколку годи ни ќе продолжи со соло кариера, се додека не се омажи и не реши да му се посвети на семејството.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Како Нена изгледаше тогаш, на почетокот од кариерата, но и како изгледа во најновото видео, погледнете во продолжение…