Нему короната не му може ништо: Ваква машинерија за заштита е инсталирана во резиденција на рускиот претседател (ВИДЕО)
Со оглед на тоа што многумина блиски до Путин, како неговиот портпарол, советниците па и министри, веќе без заразени од коронавирус, рускиот претседател презеде низа мерки за заштита на своето здравје и живот зошто влегува во ризичната старосна група.
Така во резиденцијата на рускиот претседател во местото Ново Огарјово кај Москва поставен е специјален тунел за дезинфекција за заштита од коронавирусот.
Снимката од тунелот ја објави агенцијата РИА Новости и на неа се гледаат луѓе со заштитни маски како минуваат низ него додека ги прска дезинфициенс од плафонот и од страна.
В резиденции Путина для защиты от коронавируса установили специальный туннель. Он предназначен для дезинфекцииhttps://t.co/jjwWbuZ2EX pic.twitter.com/h62KWARvsr
Маркетинг— РИА Новости (@rianru) June 16, 2020
Кога ќе се влезе во тунелот, „водена магла“ ја покрива облеката и изложените делови од телото со раствор за дезинфекција.
Тунелот е опремен и со програма за распознавање на лица и мерење на телесна температура.
За производство и поставување на тунелот задолжена е руската компанија „Моторни технологии“ од Пензенската област.
Претходно портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопшти дека сите, кои се состануваат со рускиот претседател, пред тоа се тестираат од ковид-19.
Во Русија се забележани повеќе од 545.000 случаи на коронавирус, а над 7.000 беа жртви на вирусот, додека оздравени има 300.000.