Немања и Анастасија спремни за брак, но Цеца не им дава – фановите ШOKИPAНИ, ништо од запросувањето на островот Ибица?!
Познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ не крие дека е воодушевена од фудбалерот Немања Гудељ, момчето на нејзината ќерка Анастасија.
Но како што објавија медиумите, Цеца наводно својата наследничка ја советува да не избрзува и да не се мажи.
Наводно, Анастасија толку била вљубена во Немања што веќе е подготвена да се омажи за него, но според извор близок до семејството Ражнатовиќ, а како што пренесуваат медиумите, нејзината мајка ја советува дека се уште ѝ е рано за брак и дека не смее да ја запостави кариерата.
А тоа дека Немања има сериозни намери можеше да се заклучи и со тоа што со целото свое семејство беше да се запознае со Цеца. На заедничката вечер фудбалерот поминал одлично кај „бабата“, а како што и самата Цеца изјави, за малку дири и ќе ја расплакал со подарокот што и го донел на Анастасија за нејзиниот 24 роденден. Имено, тој на својата сакана и подари уметничка слика, портрет на кој е таа со нејзиниот по-чинат татко, Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Како и да е, според извори блиски до познатите пејачки, Цеца сепак не би сакала наскоро да добие вистински зет.
Тоа всушност го потврди и нејзината пријателка Марија Шерифовиќ, која беше на роденденот на Анастасија, кога за медиумите го изјави следново:
„Цеца не би сакала Таса да се омажи, тоа ми го кажа! Мене ми изгледа дека Анастасија навистина би сакала да е во брак со Немања, но Цеца смета дека нејзината ќерка се уште е млада за тоа“, им изјави Марија на новинарите, пренесува порталот „Пулсонлајн.рс“.
Инаку Немања кој игра за Севиља е поприлично популарен во Шпанија и има голем број обожавателки.
Неговиот Инстаграм го следат повеќе од еден и пол милиони корисници, што е многу повеќе од она што ги има Анастасија.
Тие и двајцата до роденденот на Анастасија немаа објавено ниту една заедничка фотографија, но тогаш „падна“ и првиот бакнеж во јавноста. На овој момент секако дек не можеше да остане рамнодушна и Цеца која веднаш го зеде микрофонот и им ја запеа „Личиш на мојот татко“.
Фудбалерот цело време не ја испушташе од прегратките, а како изгледаше и овој момент погледнете на крајот од галеријата.
Инаку, покрај портретот со кој успеа да ја воодушеви Цеца, Немања својата сакана за роденденот ќе ја почести и со патување на Ибица, за кое потрошил околу 12.000 евра. Како што пренесуваат медиумите, многумина се надевале дека токму на ова место би можело да се случи фудбалерот да клекне на колена, да го извади прстенот и да ја запроси саканата, но заради ваквиот категоричен став на Цеца, повеќето се сигурни дека тоа сега нема да се случи.
А како изгледа фудбалерот и зошто многу девојки се луди по него, погледнете на крајот од галеријата…
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Бонус галерија
Фраерскиот стил на Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ