Нема среќа во љубовта, а се шушкаше и дека е во врска со сопругот на КАРЛЕУША – тажната приказна на Истанбулската невеста
За познатата турска актерка пред неколку месеци се шушкаше дека е во врска со фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша.
Овие гласини за наводната афера измеѓу сопругот на Карлеуша и познатата турска актерка Асли Енвер најпрво се појавија во српските медиуми.
Но овие информации по некое време стигнаа и до 34 годишната актерка која нашата публика ја памти од „Истанбулската невеста“. Еве што Если кажа тогаш за целата афера за која со денови се зборуваше во медиумите.
„Навистина не знам што да кажам. Не го ни познавам. Но се случува медиумите да пишуваат за вакви работи“
Таа тогаш сепак призна дека е голем фан на Бешикташ, но и дека токму затоа и била смешна таквата вест.
Инаку, Асли која денес важи за една од најплатените актерки во Турција, до својата 12 година живеела во Лондон, а потоа се преселила во Истанбул каде почнала да оди на часови по глума.
Но поради нејзината дислексија, ваквиот предизвик воопшто не бил лесен за неа. За секој тест што требала да го научи, и требало многу повеќе време од вообичаеното, а најмногу и помогнала нејзината мајка.
„Мојата мајка ме праша да сакам да се занимавам со уметност и тоа ме поттикна да изберам глума. Тргнав на курсеви и ми помогна во се, раскажува за турските медиуми оваа 35 годишна ѕвезда на турските сапуници.
Деновите и се исполнети со снимање, а своевремено и покрај тоа што изјави дека не верува во љубов, му даде втора шанса на сопругот.
Имено, таа пред некое време призна дека ќе му даде уште една шанса и покрај тоа што нејзините блиски не се согласуваа и ја предупредуваа да не го прави тоа.
Но убавата актерка реши повторно да се впушти во љубовна авантура со музичарот кој за кратко време повторно ќе реши да ја прекинат врската затоа што наводно не можел да ги трпи љубоморните испади на Асли и нејзината желба за контрола. Целата ситуација ја донесе до психички слом, а извор близок за турските медиуми откри дека познатата актерка почнала да се чувствува непријатно и непосакувано и дека во последно време има сериозен проблем со самодовербата.
„Ни еден маж не ме сака зашто што не сум убава како останатите актерки. Усните не ми се доволно големи, очите премногу ми се вовлечени и изгледам депресивно заради обликот на моето лице“, наводно се пожалила истанбулската невеста пред една пријателка, пишуваа пред неколку месеци познатите турски медиуми.
„Претешко беше кога се разделивме. Тоа е најлошо во врската, но тешко е и кога вашиот партнер не може да ве разбере на вистинскиот начин. Секоја врска е поинаква, но најважно е лицето со кого сте во врска најпрво да го гледате како човек, а не како момче или девојка. Тоа е најдобар начин да поставите темели за здрав однос“, изјави бринетата која призна дека до следниот брак не би сакала да живее со маж бидејќи мисли дека нивната љубов на тој начин би се потрошила, а проблемите би останале нерешени.
„Би сакала да создадеме семејство“ изјави „Истанбулската невеста“ во една пригода и додаде дека е повеќе од сигурна дека конечно го пронашла вистинскиот маж.
Фото: Инстаграм, Асли Енвер (@aslienver)
Фото: Инстаграм, Асли Енвер (@aslienver)
Фото: Инстаграм, Асли Енвер (@aslienver)
Фото: Инстаграм, Асли Енвер (@aslienver)
Фото: Инстаграм, Асли Енвер (@aslienver)
Фото: Инстаграм, Асли Енвер (@aslienver)
Фото: Инстаграм, Асли Енвер (@aslienver)
Фото: Инстаграм, Асли Енвер (@aslienver)