Нема срам од работа – еве што прави Панчо ДНК кога не е на сцена
Познатиот македонски пејач покажа дека нема срам од работа.
Кога не е на сцената, Панчо ДНК има уште една професија.
Оние кои го познаваат за него ќе кажат дека е човек о огромно срце, подготвен да помогне на сите на кои им е потребно.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Вистинското име му е Владимир Блажев, а во јавноста е познат како ДЈ Шорти или Панчо ДНК.
Групата ДНК постои со децении на македонската музичка сцена и може да се пофалат со многу песни кои се хитови и кои ги знаат и старите и помладите генерации. со полна пареа и имаат направено многу концерти, меѓу кои повеќето се и хуманитарни.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
За време на пандемијата Ковид 19 додека музичарите немаа свирки поради рестрикциите донесени од Владата, Панчо покажа дека е подготвен да работи и други работи за да го издржува своето семејство.
Најпрво на социјалните мрежи сподели дека започнал да како пица-мајстор во еден скопски ресторан.На својот Фејсбук профил објави и фотографијата на која позира со вработените од ЈП „Комунална хигиена“.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Тоа го направи со цел јавно да им се заблагодари за тоа што се грижат за хигиената во градот.
Деновиве на Инстаграм сподели дека почнал да работи и како келнер, а во опис на фотографијата напиша:
„Од работа нема срам“.