Реклама
Вести

НЕМА ПОТРЕБА ОД ПАНИКА: Се огласи д-р Лазаров по затворањето на ЗОО Скопје поради птичји грип

Реклама

Катанец на вратата, тоа ги пречека денеска посетителите на Скопската зоолошка градина.

Потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1 во Зоолошката градина во Скопје(ЗОО), соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, откако претходно од ЗОО известија дека инспектори на АХВ без налог, решение или каков било друг доказ упаднале во Зоолошката и убиле неколку десетици птици.

Маркетинг

Се појавија и вознемирувачки видеа од тоа како  вработените од АХВ ги собираат птиците и ги фрлаат во канта за ѓубре. Се шират секакви коментари на социјалните мрежи кои придонесуваат паника и страв меѓу народот.

 

Маркетинг

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Дел од вработените се евакуирани поради симптоми, пренесоа дел од медиумите.

На интернет почнаа да кружат секакви коменатри, па доктор Ненад Лазаров се обиде стручно да им објасни и да ја смири ситуацијата.

Нема потреба од паника, само треба да се делува стручно и организирано.
Птичјиот грип, предизвикан од H5N1, е вирусна инфекција која главно се пренесува од птици на луѓе.
Главниот ризик за инфекција произлегува од контакт со болни или мртви птици, како и од површини контаминирани со нивните измет или плунка.
Леталноста кај човечките случаи е висока, со стапка над 50%, а во некои случаи достигнува и до 90%.
Иако преносот од човек на човек е многу редок, постои загриженост за потенцијалната способност на вирусот да се адаптира и да се шири помеѓу луѓето.
Симптомите кај луѓето можат да варираат од благи до тешки, најчести симптоми вклучуваат:
кашлање, треска, замор, главоболка и болки во мускулите или телото, ринореја, отежнато дишење…
Неретко и конјунктивитис (воспаление на очите) како симптом.
Инкубацијата на вирусот обично трае од 18 до 72 часа – напиша докторот на Фејсбук.
Лазаров додаде уште нешто поврзано со оваа тема:
Не, не можеш да се заразиш со птичји грип преку јадење термички обработено пилешко месо.
Правилната термичка обработка на месото, која вклучува достигнување на температура од најмалку 70°C, ги уништува вирусите и бактерии, вклучително и H5N1.
Сепак, важно е да се следат хигиенските мерки при ракување и подготовка на храната – стои на објавата на докторот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button