Реклама
Холивуд

Нема ни три месеци откако се породи, а повторно е бремена? Војвотката и војводата од Кембриџ чекаат четврто дете?

Реклама

Според британските медиуми војвотката и војводата од Кембриџ сакаат да имаат два сина и две ќерки.

Не поминаа ни три месеци откако војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон на свет донесе третото дете, принцот Луис, а магазинот „Life&Style“ веќе објави дека сопругата на принцот Вилијам носи и четврто дете!

Маркетинг

Наводната бременост за магазинот ја потврдија неименувани извори кои се блиски до кралскиот пар, а во прилог на оваа вест одат и озборувањата дека Кејт и Вилијам сакаат да имаат две женски и две машки деца. „На Кејт и е многу важно нејзините деца да бидат меѓусебно поврзани, а најдобар начин за тоа е меѓу нив да има што помала старосна разлика“, вели неименуваниот извор за магазинот.

Маркетинг

Магазинот наведува и дека знаците дека Кејт повторно е бремена се сосем очигледни. „Таа повторно носи покомотна облека, избегнува алкохол и постојано и се јаде кари, како и во претходните три бременост. Јаде и бисквити со лаванда, која и порано и помагаше при утринските мачнини“ вели изворот. Од друга страна Кенсингтонската палата се уште се нема огласено за ова, а вестите како оваа официјално се објавуваат на Твитер така што не ни останува ништо друго освен да чекаме и да видиме дали британското кралско семејство следната година ќе стане побогато за уште еден член.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button