Реклама
LIFESTYLEВирално

Нема доволно првачиња, па решија да запишат овци што ќе ја посетуваат наставата

Реклама

Во француско основно училиште, поради опасноста од затворање заради мал број на ученици, решија да запишат овци како ученици, пишува Sky News .

Фото: Unplash

Имено, властите го предупредија училиштето во малиот град Жулс-Фери во Кретењ е Белнеден, кој се наоѓа во подножјето на Алпите, дека поради многу мал број ученици, наскоро ќе мора да го намалат бројот на часови.

Поради тоа во училиштето беа запишани десетина овци

Во училиштето во малиот град со само 4.000 жители присуствуваа само 261 деца. Сепак, десетина овци неодамна се приклучија на листата на ученици, што всушност беше симболичен потег од несреќните родители кои ја опишаа нивната ситуација како „мизерна”.

Маркетинг

Овците биле „запишани” од локалниот фармер Мишел Гирер, кој, со помош на неговото куче, ги испратил новите „ученици“ во училиштето и официјално ги предал нивните документи на одговорните во школото.

„За жал, националното образование е сведено на бројки. Сега ги зголемивме овие бројки и сè треба да биде добро, нели?” изјави Гаел Лавал, еден од родителите  иницијатори за оваа необична, но очигледно успешна иницијатива.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button