Уште кога се појави во улогата на Хурем Султан во серијата Сулејман Величевствениот, убавата Мерјем Узерли ги освои симпатиите на публиката.
фото инстаграм/Мерјем Узерли
Со својата специфична убавина таа стана една од најбараните актерки и за кратко време доживеа светска слава.
фото инстаграм/Мерјем Узерли
Токму таа ја почувствува горчината на славата и популарноста. Долго време страдаше од депресија но денеска сето тоа е позади неа и може да се пофали дека е среќна и исполнета.
фото инстаграм/Мерјем Узерли
Мерјем пред два месеци наполни 40 години.
Иако ја доведе својата линија до совршенство, исгледа актерката сакала да промени и нешто друго на себе па направи и неколку естетски корекции.
фото инстаграм/Мерјем Узерли
Мислењата за нејзиниот изглед сега се поделени, многумина велат дека била поубава претходно но некои пак се согласуваат дека изгледа убаво и со естетските корекции.
фото инстаграм/Мерјем Узерли
Хурем ги корегирала јаболчниците, а според многумина сега е непрепознатлива.
фото инстаграм/Мерјем Узерли
На последните фотографии, кои ги објави на својот „Инстаграм“, Мерјем со другарките гледаше кошаркарски натпревар, а во таа прилика сосема го промени имиџот.
фото инстаграм/Мерјем Узерли
Високата, долга плетенка беше главен детал на фотографијата, но сепак не беше најкоментираната работа кај актерката.
фото инстаграм/Мерјем Узерли
Високите јаболчници, коси очи и беспрекорно затегнато лице ја красеа актерката, па затоа многумина коментираа дека повеќе не личи на себе.
фото инстаграм/Мерјем Узерли
Сепак, на многу фанови особено им се допадна новиот имиџ на Мерјем Узерли, па покрај бројните критики, на нејзината сметка пристигнаа и многу комплименти.