Нема да ја препознаете во ова издание, а изгледаше опасно – Цеца како ЦРВЕНОКОСА, пред 25 години, во цутот на младоста!
Таа веќе долги години важи за најпозната бринета на Балканот
Светлана Цеца Ражнатовиќ многу ретко експериментира со својот имиџ, но секогаш изгледа елегантно и отмено.
Таа уште кога се појави на сцената беше бринета, и од тогаш речиси секогаш заштитен знак и беше потемна коса.
Но покрај познатата трансформација во русокоса за која и денес многумина се сеќаваат, таа едно време беше и црвенокоса.
Во прашање е едно од нејзините најинтересни изданија кое што познатата фолк пејачка го „фураше“ пред скоро три децении.
Имено, на Твитер овие денови е актуелно видео направено во 1995 година на кое што пејачката има долга црвена коса. Таа во една емисија настапи со една своја песна облечена во тесен црвен фустан во кој изгледаше како фатална жена.
Па, што велите за ова нејзино издание?
Пејачката на почетокот од својата кариера изгледаше многу поразлично и кога е нејзиниот стил во прашање. За разлика од сега, кога најчесто ја гледаме во елегантни и женствени модни изданија, во младоста „фураше“ многу поразличен имиџ.
Таа пред неколку месеци на својот Инстаграм објави фотографија од 1991 година на која носи розов фустан и со која покажа дека и на почетокот од 90-тите ја следеше модата како и денес.
Тогаш во тренд беа силни бои, впечатлив накит, а пејачката често носеше и залижана коса врзана во коњско опавче.
Цеца својата кариера ја започна многу млада, кога имала само 15 години со хитовите „Цветак зановетак“ и „Ципелице“.
На почетокот имала кратка фризура, но веќе во филмот „Нечиста крв“ каде ќе ја глуми Коштана таа е со долга коса.
Погледнете ги и останатите фотографии…
Фото: Принтскрин