Нема да може да ја препознаете – голема трансформација на хероината од Бекирлија, цела Македонија среќна што и се случува ова!

Двете дами кои се чини од прв поглед станаа најдобри другарки синоќа го промовираа првиот спот.
Совршениот спој од две прекрасни дами, Сузана Турунџиева и Атиџе облечени ви исти комбинации го претставија видеоспотот пред публиката.
Во изјава за „Женски Магазин“ Атиџе како и секогаш кажа дека е среќна, а Сузана рече дека прават „армија“ од добри луѓе.





Она што е навистина евидентно гледајќи ги фотографиите на Сузана дека хероината од Медена земја го промени изгледот и имиџот, а истото го покажува и новиот музички спот „Од Бекирлија до Битола“.





Сузана се огласи и на Фејсбук и се заблагодари на сите оние кои присуствуваа на промоцијата, а објави и неколку фотографии на кои двете дами насмеани зрачат од среќа.







Македонската хероина Атиџе Муратова од денот кога првпат се појави на малите екрани до сега претрпе драстична промена од која многумина се изненадени, а за голем дел од тоа е заслужна нејзината пријателка Сузана Турунџиева.
Атиџе и Сузе од лани станаа добри пријателки, па често може да ги видиме заедно.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Токму Сузе ѝ помогна на Атиџе во средувањето на нејзината куќа. Сузе не се двои од својата нова пријателка и се залага таа да добие дом каков што заслужува, а за тоа Сузе доби многу пофалби.
„Само ти Сузе успеа да го направиш од Атиџе тоа што очекувавме да го направат други … Секоја ти чест, браво и успех“, „Сузе гледам и ми доаѓаат солзи, браво за секоја работа. Конечно дојде до израз убавината на Атиџе, Браво, браво, браво“, и пишуваат корисниците на социјалните мрежи.



