Нема да знаете каде прво да погледнете – дали Цеца или нејзината кума! Ражнатовиќ блескаше, Вики го истакна своето бyjно дeкoлте
И двете изгледаа прекрасно…
Цеца Ражнатовиќ и нејзината кума Вики Миљковиќ се појавија на снимањето на новата епизода од „Ѕвездите на Гранд“.
Тие и двете изгледаа фантастично и го украдоа шоуто уште кога се појавија пред студиото.
Кумата на Цеца овој пат блескаше во црвена боја, а во преден план беше нејзиното раскошно дeкoлте. Таа целото издание го заокружи со беж еспадрили и не ја тргаше својата препознатлива насмевка од лицето.
Вики пред студиото беше дочекана како светска ѕвезда, а новинарите коментираа дека дури и чадорот и се согласува со стајлингот.
Цеца пак покажа дека и закопчана до грло може да изгледа неверојатно блескајќи во својот костум со светки.
Таа во своето занесно издание им позираше на новинарите, а внимание привлече и со нејзините луксузни чизмички.
Но да се вратиме на Вики.
Додека излегуваше од автомобилот во црвениот комплет со кој зрачеше cтpaст и радост и покрај тмypното, дождливо време, многумина коментираа дека ова најверојатно е најдоброто нејзино издание досега.
Вики во последно време се почесто ги изненадува сите со својот моден избор, па не ретко можеме да прочитаме дека пејачката изгледа подобро од кога било досега, но и дека сите се воодушевени од нејзините комбинации.
Таа често знае како да ги истакне своите адути и да заигра на картата на пpoвокацијата, но секогаш во умерена мера.
И токму оваа нејзина формула секогаш се покажува како полн погодок.
Тоа впрочем можеме да го видиме и од нејзините претходни изданија со кои никого не остави рамнодушен.
Некои од нив погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ