Еден натпреварувач во квизот на Лила Филиповска, „Сéили нешто“, со својот одговор ја насмеа водителката, но и сите останати.
Имено, кога Лила го праша човекот зошто решил да се пријави во шоуто, тој искрено одговори дека намерата му е да земе некој денар, а кога водителката го праша колку денари се тоа, тој одговори.
„Околу 40.000-50.000 денари, колку да си земам гробно место“, одговори човекот и ја шокираше водителката.
„Молам? Зошто?“ го праша збунето Лила.
„Па, за да си земам гробно место. Сите зедоа, комшиите…“ вели искрено човекот и ги насмеа сите во студиото.
Водителката не можеше да издржи, па почна и таа гласно да се смее и да се фаќа за главата, па го продолжи разговорот.
„Прв пат сега.. Па господине Крсте, вие сте во одлична кондиција, зошто сега за тоа разговараме?!,“ го праша збунето водителката.
„Па ако не ги даде банкарот парите, не умирам и готово“, продолжи Крсте со своите шеги да ги засмева сите во студиото.
Како сето тоа изгледаше, погледнете ви продолжение…
@sitel.televizija Ако не ги даде банкарот парите не умирам и готово 🤣