Нема да ви се верува колку чини фустанот од Гучи што го носи Анастасија – и Гудељ со детаљ од истиот бренд
Пејачката ужива со своето момче на Ибица
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ заедно со својот партнер фудбалерот Немања Гудељ уживаат во топлото време на Ибица.
Тие секојдневно се забавуваат и одлично си поминуваат на еден од најубавите и најпознатите острови во Шпанија.
Пејачката сподели фотографија со својот партнер на Инстаграм и покажа како изгледаат на една забава и двајцата облечени во Гучи.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Анастасија носеше долг, црн, полу-проѕирен фустан од познатиот италијански бренд кој чини скоро 5.500 евра, додека нејзиниот партнер носеше елек од истата модна куќа за кој потрошил дури 2500 евра.
Гучи
Овие фотографии и двајцата ги споделија на своите Инстаграм профили и ги воодушевија нивните бројни фанови.
Гучи
Инаку, Немања неодамна беше во Турција на пресадување на коса, од каде ги сподели своите впечатоци, а сега се гледа и резултатот.
Гучи
За разлика од Анастасија која беше во црно, Немања носеше бела маичка и бели панталони, па беше во контраст со неа.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фотографијата и тој ја сподели на својот Инстаграм профил, со емотикон бубамара, како што нагалено ја вика својата сакана.
Како тие уживаат на познатиот остров, погледнете во продолжение: