Нема да ви се верува колку чини само овој детаљ на Карлеуша – ќе се ШОКИРАТЕ од цената, а тоа е само дел од она што го носи
Овој моден додаток не може да го има секој!
Поп ѕвездата Јелена Карлеуша повторно ги воодушеви сите со своето модно издание. И додека едни беа хипнотизирани од креацијата која е со нејзин потпис за познат бренд, други останаа без зборови од златните сандали и малата чантичка за кои Карлеуша платила преку 2000 евра.
Но оние што ја следат модата дефинитивно најмногу беа изненадени од винтиџ модниот додаток што го носеше.
Имено, Јелена позираше во бело здолниште со длабок шлиц кој досега до колковите и црн необичен топ, коишто ги носеше со златните сандали и чантата од познатиот светски моден бренд, но сепак пејачката најголемо внимание привлече со нејзините необични очила за сонце што ги носеше.
Во прашање е модел од Шанел, но од 1994 година, кој е многу редок и чини вистинско богатство.
Во прашање се очила за сонце кои не можат да се најдат на официјалниот сајт на познатиот бренд, туку се продаваат кај колекционери и тоа по цена од 6900 долари, што за нас „обичните смртници“ е цена од која не само што боли глава, туку и самата помисла на неа звучи шокантно.
Како таа изгледаше во ова издание, но и неколку други интересни модни додатоци од овој бренд, погледнете во галеријата:
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Шанел пролет/лето 2022