Нема да ви се верува колку чини САМО ЕДНО НОЌЕВАЊЕ во екстра ЛУКСУЗНИОТ ХОТЕЛ со пет ѕвезди во кој престојува Цеца
Хотелот е чист луксуз – погледот од балконот е неверојатен!
Секако дека ова не е прв пат да ја гледаме Цеца како ужива во луксуз, но ова дефинитивно заслужува внимание.
Имено, познатата фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ (48) на социјалните мрежи сподели снимка од Лондон и ги воодушеви сите со прекрасниот поглед од балконот во луксузниот хотел во кој што престојува.
Пејачката имаше закажан настап во Лондон, а како што може да се забележи сместена е во еден од најскапите хотели.
На пејачката толку многу и се допаднал престојот што одлучила да го продолжи за уште неколку дена.
Во прашање е хотел кој е оддалечен само 500 метри од најстрогиот центар во Лондон и има пет ѕвездички.
Како што може да се прочита на Интернет, ноќевање во овој хотел чини околу 1000 евра по човек.
Како изгледаше погледот што Цеца го имаше од ова прекрасно место погледнете во продолжение:
Шок изјава на Цеца
Инаку, најголемата балканска ѕвезда која неодамна ја раскина врската со девет години помладиот Богдан Срејовиќ, деновиве зборуваше за нејзиниот емотивен живот, односно кој според нејзиниот критериум преставува вистинскиот маж и со својата изјава ги шокираше сите.
„Путин! (Смеење) Сите ние сме за Путин. Се шегувам, тој најмалку ја гледа жената, нема време за љубовување и романтика. Именуваниот маж покрај сета почит има и премногу години за мојот вкус, јас би сакала нешто помладо и да нема толку обврски“, изјави во шега познатата пејачка.
Таа се осврна и на новата љубов на нејзината ќерка Анастасија со познатиот фудбалер Немања Гудељ.
„Најважно ми е да е среќна, а дали ќе се мажи, како сака. Вељко вели дека Анастасија најдобро живее кај нас, од дестинација на дестинација. Одвај чекам да одам на нејзин настап“, призна пејачката.
„Јас сум Цеца Национале, мене сите ме сакаат! Јас не оставам впечаток на жена од која некој се плаши, секогаш градев имиџ на жена од народот. Јас пеам за народот, заради нив и славам и опстојувам 35 години.
„Секогаш сум имала одличен однос со снаата, кога моите деца се среќни јас можам да бидам уште подобра и позадоволна. Не ги прашував ни јас своите“, заклучи Цеца.
Бонус галерија
Новото момче на Анастасија
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ