Новак и Јелена Ѓоковиќ не престануваат да ги изненадуваат фановите со фотографии од нивниот одмор.
Новите фотографии од Ноле и неговата сопруга од нивниот одмор во Марбеља го заобиколија светот, а сите зборуваат за еден детаљ што го носеше шармантната Јелена Ѓоковиќ.
Тие на фотографиите изгледаат како некои заљубени тинејџери, а сопругата на најдобриот тенисер на светот посебно внимание привлече со своето кусо здолниште што и стоеше фантастично.
Во прашање е модел направен во соработка на познат спортски бренд со дизајнерката Стела Макартни, а е направен од рециклирани материјали што покрај цената е уште една предност за него.
Симпатичната Јелена го носеше како „аутфит“ за прошетка на плажа и во комбинација со обична маица со прерамки, а доколку ви се допаѓа, исиот можете да го порачате и преку интернет по цена од само 33 долари.