Карлеуша не штеди кога е облеката во прашање
Познатата српска пејачка Јелена Карлеуша важи за дама која троши многу пари за облека, а секое нејзино издание го привлекува вниманието на јавноста.
Таа на снимањето на новата епизода на „Гранд ѕвезди“ се појави во тиркизен фустан, а кога ќе видите колку пари потрошила за истиот, ќе останете без зборови.
Имено во прашање е тренди фустан во впечатлива нијанса и со потписот на познатата дизајнерка Алесандра Рич кој чини 1815 евра, додека за големите обетките што ги носи во облик на морско коњче потрошила 320 евра.
Инаку, пејачката и покрај тоа што на прв поглед изгледа ОК, таа се уште тагува по нејзината мајка, познатата новинарка Дивна Карлеуша, која пред неколку месеци ја изгуби битката со тешката болест. По нејзиното однесување се познава дека болката се уште е присутна во нејзиниот живот, само што сега научи како да ја крие од јавноста.
„Во ред е се изгубив, но јас сум супержена, а супержените не се плашат“, напиша Карлеуша деновиве користејќи го цитатот од песната „Supergirl“ и со оваа порака на некој начин ги опиша нејзините моментални чувства, но и дека се труди да биде прибрана и да не ја покажува својата болка.