Нема да ви се верува колку потрошила Карлеуша само за оваа чанта – ПОГЛЕДНЕТЕ го ова фамозно издание на познатата дива
Карлеуша повторно во центарот на вниманието
Познатата поп-пејачка Јелена Карлеуша овој пат носеше провокативен комплет составен од панталони и сако со зебра дезен, додека целото издание го заокружи со фантастични модни додатоци со цени од кои боли глава.
Во прашање е поприлично сведена комбинација, посебно што повеќето модели се „необични“ во споредба со стилот на кој навикнавме, а што таа го „фура“ во последно време.
Таа на вратот носеше синџир од брендот fскing.lion кој сигурно е потежок од еден килограм, а на главата носеше модерна марама која потсетува на турбан.
Под сакото носеше проѕирен горен дел кој секако дека не можеше да остане незабележан, како и луксузната чанта од „Bottega Veneta“ од преку 3000 долари.
Под црниот градник од тантела потполно се гледаше нејзиното деколте, пмкриено само до некаде со сакото.
Таа целото издание го зачини со огромни обетки и стејтмент високи потпетици од „Jessica Rich“ (290 долари) кои секоја дама би сакала да ги има во плакарите.
Па, дали ви се допаѓа ова „скромно“ издание на Карлеуша?
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша