Нема да ви се верува колку оваа позната српска пејачка личи на Гавазова – фолкерките изгледаат како да се сестри, а не колешки
Пејачката има своја верна копија во соседството
Српските медиуми се изненадени од сличноста на фолк пејачките Сузана Гавазова и Миа Борисављевиќ.
Во прашање се нивни поранешни изданија на кои сличноста меѓу овие две познати пејачки навистина е голема.
На социјалните мрежи порано многумина ги споредуваа, а според некои тие имаат и многу сличен стил на пеење.
Се прашуваме дали Гавазова знае дека има двојничка во соседството?!
Миа Борисављевиќ навистина личи на неа, а за тоа често пишуваа и корисниците на социјалните мрежи.
Сепак, со текот на годините, изгледот па и имиџот и двете пејачки го имаат драстично променето.
Гавазова денес изгледа речиси непрепознатливо во однос на почетокот од својата кариера, а тоа важи и за нејзината колешка.
Но и од новите фотографии можеме да забележиме дека пејачките навистина имаат многу слични црти на лицата.
Впрочем тоа може да се забележи и од нивните видеа, а посебно од песните…
Еве како изгледа Миа денес:
А еве ја нашата Гавазова:
Инаку, Миа важи за пејачка која од самиот почеток на кариерата многу ретко експериментирала со својот изглед.
Токму затоа и неодамна ги изненади фановите кога направи драстична промена и со својата нова фризура се пофали на својот профил на Инстаграм.
Таа својата коса ја бојадиса во руса нијанса, а тоа им се допадна на фановите па доби голем број пофални коментари.
Некои дури ја споредуваа и со Ким Кардашијан.
Од друга страна пак, Гавазова во последно време е мошне активна на социјалните мрежи.
Таа во многу често го менува својот имиџ и сака да експериментира со стиловите, а нејзините фотографии и видеа и те како им се допаѓаат на фановите.
Некои од нив погледнете во продолжение.